ЖРК Вардар продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а раководството на клубот ги продолжи договорите со крилата Леона Миленковска и Ивана Трифуновска.
Двете ракометарки и во наредната сезона ќе го носат дресот на „црвено-црните“, откако клубот ја продолжи соработката со нив. Миленковска и Трифуновска беа важен дел од тимот во изминатата сезона, придонесувајќи со своите настапи на крилните позиции.
Покрај продолжувањето на договорите со Миленковска и Трифуновска, Вардар претходно го претстави и своето прво засилување за новата сезона.
Станува збор за младинската и кадетска репрезентативка Марија Дуновска, која на голманската позиција пристигнува од редовите на Стружанка.
Ивона Кимовска



































