Новата сезона во Првата лига ќе почне порано од вообичаеното, но и ќе трае подолго. Ова поради новиот систем на натпревари кој го налага бројот на само 10 екипи.
Стартот на сезоната е предвиден за 25 јули, а ќе се игра четири кружно (по два натпревари дома и гости). Шампионатот ќе биде продолжен и во новата сезона ќе се одиграат 36 кола.
Првото големо дерби ќе го гледаме на 8 август кога во Скопје, новиот шампион Вардар ќе го пречека вицепрвакот тетовска Шкендија.

Pрвиот дел (есенски) од натпреварувањето завршува со 18. коло на 13 декември по што следува редовната зимска пауза.
Вториот круг од натпреварите во домашното првенство продолжува на 13 февруари, 2027 година, а последното 36. коло во шампионатот е на програмата на 23. мај.

































