Актуелниот шампион Аргентина со убедлива победа над Исланд ги заокружи подготовките на Светското првенство. Аргентина славеше со 3-0 во последниот контролен натпревар пред стартот на Мундијалот.

Лионел Меси се врати по повредата и постигна гол од пенал во 72-та минута, со што потврди дека е подготвен да ги предводи “Гаучосите“. Меси одигра 20 минути и покажа дека е подготвен за своето шесто Светско првенство.

Во листата на стрелците се запишаа Барко во осмата и Алмада во 86-та минута.

Аргентина е дел од Ј групата, а ќе го отвори турнирот против Алжир на 16 јуни во Канзас Сити. За противници „Гаучосите“ ќе ги имаат и селекциите на која ги вклучува и Австрија и Јордан, а целта е четврта титула во историјата.

📅 Ј група Град
17 ЈУНИ03:00ARG – ALGКанзас Сити
:
17 ЈУНИ06:00AUT – JORСан Франциско
:
22 ЈУНИ19:00ARG – AUTДалас
:
23 ЈУНИ05:00JOR – ALGСан Франциско
:
28 ЈУНИ04:00ALG – AUTКанзас Сити
:
28 ЈУНИ04:00JOR – ARGДалас
: