Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски ја имаше првата прозивка на играчите кои се најдоа на неговиот список за двата контролни натпревари.
Македонија, Светското првенство ќе го гледа на телевизија, наместо да учествува, па репрезентацијата ќе биде спаринг партнер на оние што ќе играат на Мундијалот.
Македонските фудбалери ќе играа два контролни натпревари и тоа на гостински терен против Босна и Херцеговина и Турција.
Седлоски повика неколкумина дебитанти кои ќе бараат шанса за настап во црвено-жолтиот дрес на Македонија. Меѓу оние кои денеска дојдоа на првата прозивка беше и Бојан Миовски. Иако напаѓачот на шкотскиот Ренџерс на последната акција на селекцијата, го напушти тимот поради недоразбирање со селекторот Седлоски, денеска се појави во хотелот „Хилтон“. Миовски одговори на повикот на Седлоски откако се најде меѓу 27-мина фудбалери на списокот на селекторот. Во текот на денот се очекува и пристигнувањето на капитените Енис Барди и Елиф Елмас.
Мини подготовките ќе бидат одработени на тренинг центарот на ФФМ, по што репрезентацијата заминува за Сараево. Таму, во четврток (29 мај) во терминот од 20.30 часот ќе се игра натпреварот против БиХ.
Два дена подоцна во Истанбул, дуелот со Турција ќе почне од 19.30 часот.




































