Со двата натпревари од последното 33.коло одиграни попладнево во Скопје, спуштена е завесата на фудбалскиот шампионат на Македонија односно Првата лига.
А, по нив, екипите на Работнички и Македонија Ѓорче Петров и официјално се збогуваа од прволигашката конкуренција. Неја неславно ја напушта и тимот на Шкупи кој освои само еден единствен бод.
Нов член на Првата лига следната сезона ќе биде штипска Брегалница која го освои 1,место во второлигашката конкуренција пред Шкендија Арачиново и Скопје.
Овие две екипи ќе играат бараж против за пополнување на Првата лига и тоа. Тимот од Автокоманда, Скопје, за противник ќе ја има струмичка АП Брера, а арачиновска Шкендија ќе игра со битолски Пелистер.
На шампионскиот трофеј се радуваа фудбалерите на Вардар кои до 12-тата титула стигнаа пред Шкендија која заврши втора.
Вардарци ќе не претставуваат во квалификациите за Лигата на шампионите, а тетовци ќе играат квалификации во Конференциската лига. Во истото натпреварување настап ќе има и освојувачот на Купот на Македонија, кратовски Силекс.



































