Кошаркарите на Пелистер ја завршија сезоната како трето пласирани во македонската Супер лига.
Пелистер го обезбеди третото место во сезоната 2025/2026 по драматична серија против ТФТ. Денеска во мајсторката одихфгара во Скопје, битолчани славеа со 90-86 и сои 2:1 во победи ја затворија серијата.
Сите натпревари завршија со победи на гостинските екипи, што ја нагласи изедначеноста и психолошкиот притисок врз домаќините. Решавачкиот дуел беше крајно неизвесен со чести промени на водството.
Клучен играч за Пелистер беше Дамјан Крстевски со 23 поени, значително над неговиот сезонски просек. Тренерот Боро Даскаловски се потпре на скратена ротација од само шест играчи поради отсуство на стандардни првотимци. За ТФТ, најефикасен беше Виктор Ташовски со 29 поени, а Зафиров постигна 20.
Триумфот има големо значење за Пелистер, бидејќи обезбедува подобра позиција за евентуални настапи во регионалната АБА 2 лига. Од друга страна, ТФТ ја заврши сезоната без очекуваниот успех во првенството, што може да влијае врз нивните идни амбиции и буџет.
Утре во Маџари ќе се игра третиот натпревар од финалето во кој првакот МЗТ Скопје со евентуална победа ќе обезбеди нов шампионски тофеј.






























