Екс-шампионот Еурофарм Пелистер полека денеска го претстави новото странско засиливање за следната сезона. Станува збор за младиот Словенец, Малик Татар.
20-годишниот лев бек со своите настапи го привлече вниманието на повеќе европски клубови.
Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Целје, се афирмира во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Тој сезонава настапува на позајмица во Шкофљица, каде што постигна 207 гола на 27 натпревари и е најдобар стрелец во тамошното првенство.
Татар се обврза на двегодишен договор со битолскиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.
Тој е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2025/2026 по: Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.

































