Грчката престолнина Атина е во „вонредна“ состојба поради претстојниот фајналфор турнир во кошаркарската Евролигата.
Две шпански екипи (Валенсија и Реал), локалниот грчки фаворит (Олимпијакос) и турскиот Фенербахче, останаа во трка за шампионскиот трофеј.
Олимпијакос – Фенербахче (17:00 ч.)
Првиот полуфинален дуел носи епски судир на европските кошаркарски гиганти. Домаќинот Олимпијакос сонува за својот четврти трофеј пред фанатичната публика во Атина. За составот од Пиреја ова претставува вкупно 13-то учество на големите завршници. Нивниот противник Фенербахче пристигнува во Атина како актуелен бранител на шампионскиот трон. Турскиот тим досега има освоено 2 титули во својата богата клупска историја. За клубот од Истанбул ова е вкупно 7-мо учество на елитниот фајналфор.
Валенсија – Реал Мадрид (20:00 ч.)
Шпанското дерби е втората полуфинална пресметка. Дебитантот Валенсија пишува историја со своето прво учество на елитниот фајналфор. Тимот брка прва евролигашка титула во историјата против најтрофејниот клуб на континентот. Моќниот Реал Мадрид е апсолутен рекордер во натпреварувањето со дури 11 шампионски титули. За кралскиот клуб ова е 15-то учество на завршниците.
Venue is ready and so are the clubs 📸 pic.twitter.com/tmKVcGZ7Ie
— EuroLeague (@EuroLeague) May 21, 2026
The official #F4GLORY bracket.
— EuroLeague (@EuroLeague) May 21, 2026
The marathon continues, and it ends soon ❤️🔥 pic.twitter.com/2E4KkAvxdh
Шампионот го дознаваме во недела
Големото финале на програмата е в недела, 24 мај (недела), со почеток во 20:00 часот. Оваа година Евролигата воведе историска промена во форматот. Традиционалниот натпревар за трето место е целосно укинат. Наместо тоа, во терминот од 17 часот ќе се одигра големото финале на младинскиот „Adidas NextGen“ турнир.
You want cinema? It’s back tomorrow.
— EuroLeague (@EuroLeague) May 21, 2026
May 22–24: #F4GLORY is ON. pic.twitter.com/YMqWqbCfoP






























