Кошаркарите на Њујорк го одбранија својот домашен терен во „Медисон Сквер Гарден“ и поведиа со 2:0 во победи против Кливленд. Никс ноќеска славеа со 109:93 против Кавалирс во вториот натпревар од финалето на Источната конференција.

Клучниот момент од натпреварот се случи на почетокот на второто полувреме. Домашните направија неверојатна серија од 18:0 при израмнет резултат 53:53. Гостите одговорија со серија од осум последователни поени во последната четвртина. Сепак Њујорк брзо ја стабилизира играта и го приведоа натпреварот кон крај без стрес.

Прво име во победничките редови беше Џош Харт со 26 поени, пет тројки и седум асистенции. Одлична поддршка имаше и Микал Бриџис кој постигна 19 поени, како и Џејлен Брансон кој додаде неверојатни 14 асистенции. Останатите од стартната петорка исто така имаа двоцифрен учинок. Карл Ентони-Таунс додаде 18 поени и 13 скока, а ОГ Ануноби 14 поени.

Кај поразените Кавалирс, најрасположени беа Донован Мичел со 26 поени, Џејмс Харден со 18.

Сега серијата се сели во Кливленд каде ќе се играат следните два натпревари, а наредниот е недела во 2 часот.