Немилите настани што се случија вчера за време на финалето во фудбалскиот Куп на македонија, а во кои беа инволвирани фудбалерите и навивачите на Шкендија, ќе подлежат на санкции. 

Ова денеска го потврдија речиси сите релевантни државни институции, како и од Фудбалската федерација на Македонија. 

Министерството за спорт упати осуда за исвиркувањето на македонската химна, и најави промени во законот. 

РЕАКЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ

„Министерството за спорт пристапува кон разгледување на можноста за измени во Законот за спорт со кои ќе ги прошириме ингеренциите на државата со цел ваквите појави да бидат сериозно санкционирани.

Казните ќе бидат во делот на добивањето државна помош, а во крајна линија ќе се предвиди и постапка за одземање на решенијата за дејност спорт, со што ќе се губи правото на настап во националното првенство.

Воедно, ја повикуваме и Фудбалската федерација на Македонија да го промени својот првилник кој би бил многу поригорозерн во санкционирањето на нарушувања од секаков вид.

Согласно сите меѓународни правни инструменти за што сите земји во светот имаат постигнато општ консензус, ваквите и слични девијантни појави не смеат да бидат секојдневие во спортот, вклучително и во македонскиот спорт и во таа насока, Министерството за спорт ќе направи сè за да ги заштити националните интереси и интересите на спортот.

Сите, без исклучок, мора да ги почитуваат правилата пропишани со меѓународните конвенции и останатите меѓународни акти кои се однесуваат на спортот, правилата на државите кои спортот го уредиле да функционира во една легална рамка со сите елементи на државноста и, секако, правилата на националните спортски федерации кои го спроведуваат националниот систем на натпревари.“

Од ФФМ објавија дека е победена дисциплинска постапка кон Шкендија, но и Силекс. 

СООПШТЕНИЕ НА ФФМ 

„– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот.
– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради користење пиротехнички средства во текот на целиот натпревар (34 големи бакљи, 19 мали бакљи, 8 топовски удари, 14 дветлечки бакљи).
– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради националистичко скандирање.
– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради истакнување знамиња со навредлива и недозволена содржина, како и истакнување на знаме со нацистичка содржина за што веќе беа санкционирани од УЕФА.
– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради скандирања со навредлива содржина кон ФФM.
– Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради одбивање да ги примат медалите, како и поради недоличен и деградирачки однос на фудбалерите и официјалните лица на клубот за време на церемонијата по завршувањето на натпреварот.
– Поведување дисциплинска постапка против ФК Силекс АД поради националистички извици и употреба на пиротехнички средства

И од Министерството за внатрешни работи се преземеме мерки и активности по случувањата на трибините за време на натпреварот. СВР Скопје со активности за утврдување на околностите и санкционирање на прекршителите на јавниот ред и мир на фудбалскиот натпревар.

Тетовци денеска преку соопштение се обидоа да „се вадат“, но јасно е дека, нивниот обид за амнестирање, овојпат нема да помине неказнет.