Финалето на Западот во НБА плеј-офот помеѓу Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс го оправда својот статус како долго очекувана предсметка. Судирот помеѓу двократниот “МВП“ Шаи Гилџус-Александар и младата суперѕвезда Виктор Вембањама по првите две средби дава навестување за епско соперништво.
Актуелните шампиони Тандерс успеаја да возвратат по почетниот пораз и да слават со 122:113, за израмнување на 1-1 во победи.
Победата на Тандер беше донесена од неверојатна разлика со дури седум играчи со двоцифрен број поени. Прв стрелец беше, секако, Шај Гилџус-Александар со 30 поени и девет асистенции.
Од друга страна, Вембањама беше запрен на 21 поен, 17 скока, шест асистенции и четири блокади. И покрај 25-те поени на Стефон Касл и шесте тројки на Девин Васел , Спарс направија дури 21 изгубена топка поради скратена ротација.
Сега серијата се сели во Сан Антонио каде ќе се играат два натпревари, а следниот е во сабота во 2:30 часот.





























