Силекс е освојувач на 33-тито изнадние на Куп на Македонија по победата од 1:0 над Шкендија на арената „Тодор Проески“.

По изедначеното прво полувреме, Силекс покажа поголема храброст и заслужено се радуваше на престижниот пехар. Кратовци дојдоа до големиот триумф со голот на Ади Алиќ постигнат во 70. минута од средбата.

Силекс со новиот успех дојде до својот четврти куп-трофеј во клупската историја. Кратовскиот состав претходно се радуваше на овој пехар во купот (1994, 1997, 2021).

Со овој триумф, тимот на Силекс обезбеди и сигурно место во квалификациите за Конференциската лига.

Шкендија одигра премногу претпазливо и остана без планираниот трофеј поради отсуството на повредениот стрелец Бесарт Ибраими. Поразот на тетовци ја остави екипата на Струга Трим Лум без пласман на меѓународната фудбалска сцена.