Уште еднаш спас за Тотенхем беше нивниот најдобар играч Хери Кејн. Со неговиот гол Тотенхем дојде до тешка победа над Брајтон, кој пак одигра одличен натпревар.

Резултатот повеќе на среќа заврши 2-1 за тимот од Лондон, бидејќи поради ВАР им беа поништени два гола на гостите од Брајтон.

Кореецот, Сон го отвори натпреварот во 10-тата минута, но бргу врати Митома на кого голот му беше поништен поради игра со рака. Истата судбина во 55-тата минута ја имаше и Дани Велбек.

Брајтон израмни преку Данк во 34-тата минута, но победата на Тотенхем му ја донесе Кејн во 79-тата минута

Тотенхем со оваа победа останува на 5-то место и сеуште се во битка за лига на шампиони за следната натпреварувачка сезона, бидејќи има само три бода помалку од четврто рангираниот Манчестер Јунајтед.

Извештај: Андреј Вељановски