Македонија со убедлив пораз од Швајцарија го започна новиот циклус во УЕФА Лигата на Нациите. Примени гола, а можеа да бидат и многу повеќе, доколкуго немавме расположението Столе Симитриевски . Голманот на шпанската Валенсија спасуваше што можеше да се спаси .
Јасно му е на Димитриевски дека и во наредниот меч против Словенија утревечер ќе има многу работа.
„Сите играчи знаеме дека не одигравме не најдобар на претходниот натпревар. Знаеме дека цврстината во дефанзива и желбата за борба не беа на највисоко ниво.
Сега имаме нов натпревар и мора да го тоа за поправиме. Мора да ги коригираме грешките, барем да се стремиме на тоа и да се поддржиме, да одиме од натпревар во натпревар нанапред.
За утрешен натпревар, мислам дека утре ќе одговориме максимално на задачата и ќе бидеме на ниво на тоа што претставува овој дрес и Македонија“, изјави Димитриевски.
Колку ќе му помогнат соиграчите на Столе, ќе видиме во дуелот кој Македонија и Словенија ќе го играат утревечер во Љубљана.




































