Штипскиот кошаркарски клуб Соколи, е фаворит број 1 за испразнетите место во Супер лигата. Ова меѓу останатото денеска на официјална пред конференција го презентираа првите луѓе на клубот и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Претседателот на клубот, Љубе Здравков истакна дека клубот веќе пријавил интерес испразнетото место, а за кое Кошаркарската федерација на Македонија денеска официјално објави конкурс.

„Останува да ги поднесеме сите документи. Ние ги имаме, располагаме со сето она што е во фактички правилникот за лиценцирање на клубовите за настап во Супер лигата.

Сакаме да преминеме на повисоко ниво на функционирање, на професионално па нашите амбиции ќе бидат такви во Супер лигата. Со тоа сакаме да привлечеме многу млади деца коишто ќе претставуваат иднина на кошарката во Штип“, изјави Здравков.

На прес конференцијата беше претставен и новиот тренер. Поранешниот репрезентативец и екс македонски селектор Марјан Србиновски ќе го предводи новиот Суперлигаш

,,Амбициите и планот за развој на клубот како и инфраструктурата, односно новата сала, се поклопија со моите амбиции, па така лесно дојдовме до договор со градоначалникот и клубот.

Ќе се потрудиме да направиме подобар растер, во кој ќе имаме и три странски засилувања. Со тоа би биле конкурентни во Супер лига. Ќе треба да се помачиме, но затоа сум дојде, не се плашам од предизвиците.

Верувам дека штипската публика ќе ужива во добро настапи и резултати“, изјави Србиновски.