Вицепрвакот Шкендија остана единствениот македонски претставник на европската фудбалска сцена. По елиминациите на Силекс и Вардар, тетовци се оние кои кои сеуште ќе се грижат за рејтингот на мак-фудбалот.

На Шкендија и претстои двомечот со шкотскиот тим на Хибернијан во третата елиминациска рунда. Доколку успеа да ги минат, тогаш ќе ги делат само уште два меча од настап во групната фаза на Конференциската лига во која играа и лани. А, таму ќе ги чекаат ,ногу квалитетни екипи.

УЕФА веќе го скрати списокот на потенцијални противници на тетовци. Талка, доколку Шкендија ги мине Хибернијан во плеј-офот би играла со: Монако, Брајтон, Бохемиан или Митјиланд, Гетеборг или Гент и Пафос или Салцбург.

Но, кој би бил конкретниот противник., Шкендија ќе дознае по ждрешката закажана за денеска во 14 часот.