Машката селекција на Македонија за кошаркари до 20 години, заврши како ДЕВЕТА во Б Дивизијата на Евробаскетот во Словачка

Македонските младинци во последниот натпревар, односно, во дуел за пласман од 9 место ја имаат селекцијата на БиХ. Избраниците на селекторот Никола Велев славеа победа со 10 поени разлика.

Уште од самиот почеток нашата селекција најави дека ќе атакува на победата. Имаа црвено-жолтите и најголеми 12 поен и предност, а на првата пауза заминаа со +9 (30-21). Во во вториот квартал нашите надежи ја одржуваа таа разлика, а имаа и најголеми +13 во два наврати.

Босанците во третиот квартал успеаја да намалат на четири негатива, но избраниците на Велев брзо ги консолидираа редовите. Во последната четвртина, Македонија везе со 11 поени предност (75-64). Тука веќе веќе јасно дека македонските младинци ќе впишат нов триумф, па конечниот резултат на крајот гласеше 91-81 за Македонија.

Така, македонските младинци со пет победи и два порази го завршија првенството како деветти. Сега дополнително нашите надежи може да жалат, што потфрлија и загубија во 2.коло во дуелот пред со селекцијата Ирска, во групната фаза. Доколку не беше тој пораз младинци ќе играат и четврфинале и ќе беа најмалку меѓу осумте најдобри на првенството.

Следете нé на социјалните мрежи