Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија со пораз го заврши Европскиот шампионат за играчи до 20 години во Романија.
Македонските младинци во последниот свој натпревар на првенството денеска беа поразени од Србите со 30-34.
Освен на почетокот на натпреварот, до 3-3, српските младинци беа многу подобри од македонските. Противникот имаше и најголеми 9 гола предност, а на полувремето замина со +8 (12-20).
Дваесетте примени голови во едно полувреме, беа повеќе од показател, дека ангажираноста во одбраната беше очајна. Противникот знаеше како да ја материјализира стекнатата предност, па на крајот славеше со четири разлика (30-34).
Така, репрезентацијата предводена од селекторот Игор Илиевски, шампионатот го заврши на 20 место со само две победи на осумте одиграни натпревари
Следно големо натпреварување за нашите ракометни надежи, односно младинци, ќе биде Светското првенство што следната година ќе се одржи токму во Македонија.



































