Машката репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години ја оствари првата победа на Европскиот шампионат во Клуж, Романија.

Откако ги загубија сите три натпревари во првата фаза по групи, избраниците на селекторот Игор Илиевски разигруваат за пласман од 9 до 24 место.

Денеска нашите ракометни надежи конечно успеаја да се израдуваат на победа. Во дуелот од второто коло на новоформираната група 2, Македонија ја победи Летонија со 35-31 .

Мики Лазов постигна девет гола, а со еден помалку (8) заврши Лука Ѓоргиевски.

Сепак ова не менува ништо бидејќи остануваа зад Австрија и Норвешка, па во продолжението на првенството, нашите младинци ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.