Жоао Фонсека го приреди едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот Ролан Гарос. По пет чласа игра во пет сета 19-годиншниот Бразилец го победи Новак Ѓоковиќ со голем пресврт и 3-2 во сетови
По првите два сета, се чинеше дека српскиот тенисер сигурно се движи кон осминафиналето. Ѓоковиќ ги доби со 6-4. Сепак, младиот Бразилец не се предаде. Напротив, го принуди фаворитот во неколку наврати да реагира дури и фрустрирачки. Следуваше големиот пресврт кој Фонсека го најави во третиот сет добивајќи го со 6-3, а следните два со 7-5 и 7-5.
По речиси пет часа исцрпувачка битка на стадионот „Филип Шатрие“, Фонсека потврди дека припаѓа на самиот врв на новата генерација тенисери.
Следниот ривал на младиот Бразилец ќе биде Каспер Руд или Томи Пол.





























