Сезоната во европскиот фудбал стигнува до самиот крај, ПСЖ и Арсенал ќе се судрат во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта.
Пари Сен Жермен ќе го игра свое трето финале и има шанса да стане само вториот клуб што ја одбранил титулата. Арсенал настапува по вторпат во финале, дваесет години по поразот од Барселона во Париз.
ПСЖ сака да ја повтори историјата на Реал
Францускиот шампион ПСЖ влегува во овој дуел со статус на благ фаворит кај светските обложувалници. Тимот предводен од Луис Енрике сака да ја повтори историската ланска слава. Парижаните можат да станат само вториот клуб во модерната ера кој ја одбранил титулата. Досега во историјата на ова натпреварување само Реал Мадрид успеал да го одбрани тронот и тоа освојувајќи три титули по ред од 2016 до 2018.
ПСЖ негува ултра-офанзивен стил на игра со висок посед на топка ги уништи претходните противници. Главни адути на Французите се екстремно брзите крила Хвича Кварацхелија и Усман Дембеле.
Луси Енрике би можел да им се приклучи на Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан, како трикратен освојувач на Лигата на шампионите.

Арсенал го посакува првиот шампионски трофеј
Англискиот првак Арсенал се бори за својот прв европски трофеј во клупската историја. „Топчиите“ го играат своето прво големо финале во ова натпреварување, откако првото во Париз го загубија од Барселона.
Тимот на Микел Артета ја има најдобрата и најцврстата одбрана во Европа оваа сезона.Тие примија само шест голови на целиот пат до големото финале во Будимпешта.Стоперите Вилијам Салиба и Габриел Магаљаеш се непремостлив дефанзивен бедем за сите напаѓачи.Лондонскиот тим веќе ја освои Премиер лигата и има огромна ментална сила за двојна круна.
Финалето со нов – попладневен термин
Досегашната вообичаена пракса на одигрување на натпреварите во вечерниот (стандарден) термин (21 часот) сега е сменета. Со цел да се постигне уште поголема глобална гледаност, УЕФА речи да го промени терминот.
Така ПСЖ и Арсенал денешното финале ќе го почнат од 18 часот.






























