Ракометарките на Вардарки и Чаир славеа победи во натпреварите од 26.коло во Супер лига.
Во Битола, Пелистер го пречека тимот на Вардар, а натпреварот заврши со победа на гостинките со 27:21.
Вардарки подобро го отворија мечот и поведоа со 5:3, но Пелистер брзо возврати и во 10-тата минута израмни на 5:5. Следуваше израмнета игра, при што Пелистер во 19-тата минута поведе со 10:8, а Вардар веднаш се врати и во 22-та минута израмни на 10:10. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол, но домаќинките заминаа на пауза со минимална предност 13:11. Во второто полувреме Пелистер прв поведе и одржуваше предност до средината на делот, кога Вардар ја засили играта. Во 44-тата минута вардарки израмнија на 17:17, а потоа целосно го презедоа ритамот на натпреварот. Со неверојатна серија од 0-11 во завршницата, Вардар направи пресврт и стигна до убедлива предност, која ја задржа до крај за конечна победа.
И чаирчанки за малку од готово ќе направеа вересија. Тие го совладаа Астибо со 41-40 иако имаа голема предност во завршницата.
Натпреварот започна израмнето, а двете екипи беа резултатски блиску во воведните минути. Чаирчанки во 6.минута успеаја да поведат со 5:3, но Астибо не дозволуваше поголема разлика и во 13-тата намали на 10:9. Сепак, домаќинките веднаш одговорија со серија од 4-1 и повторно се одлепија на 14:10. До крајот на првото полувреме Чаир целосно ја контролираше играта и постепено ја зголемуваше предноста. На пауза заминаа со +7 (26:19).
Во второто полувреме темпото остана високо. Чаир продолжи со сигурна и стабилна игра, не дозволувајќи Астибо да се врати резултатски во поголем дел од натпреварот. Во 41.минута резултатот беше 35:28 во корист на Чаир, што укажуваше на контрола на играта. Сепак, Астибо не се предаде и со неверојатна серија од 7:0 успеа целосно да се врати во натпреварот и да израмни на 40:40, внесувајќи неизвесност во завршницата.
Во последните моменти, Чаир успеа да ја задржи смиреноста и постигна решавачки погодок за конечна победа од 41:40.
Во првиот денешен натпревар Куманово славеше во дуелот со Спартак.
Ивона Кимовска


































