Вардар го пречекува Тиквеш во 9.коло од плеј-офот на македонската ракометна Супер лига. Домаќините веќе ја обезбедија шампионската титула со освоени 56 бодови по 30 одиграни кола.
Вардар оваа сезона доминираше со дури 28 победи и претрпе само два порази во целото првенство. Тимот на Тиквеш е на шестата позиција на табелата, а гостите од Кавадарци имаат серија од пет последователни порази во лигата.
Иако титулата е веќе решена, овој дуел е важен за престиж и за шампионско крунисување. Ракометниот клуб Вардар најави дека нема да биде дел од заедничката прослава со фудбалскиот колектив. Затоа, овој натпревар е одлична можност за навивачите да ги поздрават своите херои пред доделувањето на пехарот 16-ти во шампионат на Македонија.
Натпреварот ќе се одигра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот. Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇



























