Попладнево ќе го добиеме и новиот шампион на Македонија во женското одбојкарско првенство.

Во Струмица, ќе се игра решавачкиот петти натпревар од финалето во плеј-офот.

Одбојкарките на Наковски волеј и скопски Работнички ќе се борат за пехарот.

Струмичката екипа на Наковски волеј прв пат игра во големото финале, додека тимот на Работнички кој е најтрофеен ја посакува 19-тата титула.

Досега предноста на домашниот терен се покажа како пресуден. Наковски волеј ги доби двата меча пред својата, струмичка, публика, а Работнички два пати се радуваше во Скопје.

Како ќе биде денеска и дали тоа ќе пресуди, останува да видиме во мечот што ќе почне од 18 часот.

Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇