Вечерва на „Алијанц Арена“ во Минхен, нé очекува нов фудбалски спектакл, во реванш натпреварот од полуфиналето меѓу Баерн и ПСЖ.

По неверојатната прва средба во Париз која заврши 5:4 за домаќините, сите очи се вперени кон германскиот гигант.

Баерн мора да ја анулира негативата пред своите навивачи за да обезбеди пласман во големото финале на Лигата на шампионите.

ПСЖ доаѓа со гол предност и напаѓачки трилинг кој покажа дека може да ја пробие секоја одбрана во Европа.

И овој дуел има потенцијал да собори нов рекорд кога во прашање се постигнатите голови. Хари Кејн и Усман Дембеле се во центарот на вниманието како клучни актери кои можат да го решат патникот за финалето.

Германскиот состав на дома ретко губи, но францускиот тим е поопасен од кога било преку брзите контранапади на нивните ѕвезди.
Статистиката најавува нова голгетерска забава бидејќи двете екипи играат отворен фудбал без многу калкулации во средниот ред и во одбраната.

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат почетокот на мечот кој ќе одлучи кој ќе се бори за најпрестижниот европски трофеј, односно ќе биде противник на Арсенал.

Следете нé на социјалните мрежи