Винисиус Жуниор постигна два гола во второто полувреме за победа на Реал Мадрид од 2:0 против екипата на Еспањол.
Натпреварот го реши бразилскиот напаѓач кој првиот гол го постигна по мајсторски дриблинг во 55-тата минута од средбата.
Вториот погодок беше вистинско ремек-дело по одличната асистенција на англискиот репрезентативец Џуд Белингем во 66-тата минута.
Разликата меѓу двата најголеми шпански клуба сега изнесува 11 бодови на четири кола пред крајот на првенството.
Мадридскиот клуб така ја одложи шампионската прослава на Барселона која претходно славеше против Осасуна со 2:1.
Со оваа победа Реал Мадрид најави возбудлив „Ел Класико“ на ,,Камп Ноу”, на 10 мај, каде Барселона ќе брка победа за трофејот. Барселона ќе има можност да ја завери титулата следниот викенд на домашен терен во големото дерби против Реал Мадрид.





































