Екипите на Детроит и Кливленд се последнита два тима кои ја поминаа првата плеј-оф рунда во НБА лигата. Ова откако тие ги добија решавачките седми натпревари протоив Орландо и Торонто.

Со тоа познати се сите екипи кои ќе играат во конференциските полуфиналиња.

Токму Детроит и Кливленд ќе го сочинуваат едното на Истокот, каде во второто ќе играат Њујорк и Филаделфија.

Во Западната конференција, шампионот Оклахома за противник ќе го има ЛА Лејкерс, а Минесота ќе игра против Сан Антонио.

Полуфиналната серија што се игра во четири добиени натпревари стартува ноќеска со дуелите во Њујорк и Сан Антонио.