Со дербито што ќе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде комплетирано претпоследното, 4.коло, во ТОП-6 сегментот на машката кошаркарска Супер лига.

Во него, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го пречекува битолски Пелистер.

Ова е дуел на второ и трето пласираните екипи на табелата, кои зад лидерот ТФТ заостануваат два односно шест бодови. Денешниот дуел за гостите од Битола нема многу да смени кога во прашање е нивната позиција на табелата, а тие се сигурно трети.

Затоа пак за шампионот МЗТ освојувањето на двата бода е императив. Победа аеродромци ќе ги врати на врвот на табелата, но со подобар „скор“ од моменталниот лидер ТФТ.

Позицијата број 1 пред стартот на полуфиналето во плејофот ја носи и предноста на домашниот терен.

Дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе почне од 20,30 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.