Со двата денешни натпревари што ќе се играат во Струга и Тетово ќе биде комплетирано 29.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Првиот дуели ќе се игра во Струга каде тимот на Трим Лум го пречекува кратовски Силекс. Ова е натпревар на трето и четврто пласираните екипи кои повеќе од јасно ќе останат на тие позиции и на крајот на сезоната. Дуелот нема да решава ништо, а ќе се игра само за престиж. Натпреварот ќе почне од 14 часот.

Два часа подоцна (16) во Тетово кај шампионот Шкендија гостува тимот на Башкими.

На овој натпревар бодовите и победата се императив за домаќините. Шкендија заостанува за 4 бодови трката за шампионската титула, зад ривалот и лидер на табелата Вардар. Затоа избраниците на Јетон Беќири несмееат да направат „кикс“, туку ќе мораат да ги освојат трите бода.

ПРВА ЛИГА – 29 КОЛО

понеделник – 27 април
14.00 СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
16.00 ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ
одиграно
ВАРДАР – ТИКВЕШ 7-0
АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР 0-1
АРСИМИ – ШКУПИ 5-1
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ 2-1

Standings provided by Sofascore