Екипата на Челси е втората која обезбеди пласман во финалето на ФА Купот. Ова откако попладнево, Челзи со 1-0 го совлада Лидс Јунајтед во вториот полуфинален натпревар, одигран на „Вембли“.

Сините го контролираа натпреварот и покажаа голема желба за триумф пред своите навивачи.

Клучниот момент се случи во 23-тата минута кога капитенот Енцо Фернандез погоди со глава по прецизен центаршут на брзиот Педро Нето.

Ова беше прв натпревар за Челси по разделбата со тренерот Лиам Росениор кој беше отпуштен поради лошите резултати во домашното првенство. Привремениот менаџер Калум Мекфарлан успеа да прекине црната серија од пет последователни порази без постигнат гол.

Така Челзи закажа финален дуел против Манчестер Сити што ќе се одигра во 16 мај на истиот стадион. Потсетување дека вчера Манчестер Сити славеше во полуфиналето против Саутемптон.