Два натпревари попладнево беа одиграни во рамките од 29.коло во Првата македонска фудбалска лига. На победи се радуваа скопски Вардар и битолски Пелистер.
На дуелот во Скопје, екипата на Вардар го демолира Тиквеш и го испрати дома во Кавадарци со седум гола во мрежата (7-0).
Не минаа ниту три минути, а вардарци поведоа. Цветковиќ со ефектен удар од десната страна донесе водство од 1-0 за домаќините. Веќе во 24.минута беше 2-0, а стрелец на голот беше Закариќ. Само пет минути подоцна Велковски го постигна третиот гол за црвено-црните. И тука не беше крај на голеадата. По одличното проигрување од својата половина, Јанкулов од десно изби сам пред голманот Стефковски кого лесно го совлада за 4-0. Маките на кавадарчани дополнително се зголемија со црвениот картон на Тасев во завршницата ба првиот дел. Во второто полувреме трипати во листата на стрелци се запиша и Омерагиќ за конечни 7-0 за Вардар.
Како во Скопје така и во Струмица започна натпреварот со гол во петата минута. Таму гостите од Битола, фудбалерите на Пелистер поведоа со голот од пенал на Ивановски во дуелот со АП Брера. Тој гол се покажа и како решавачки, а Пелистер победи со 0-1.
Колото ќе биде заокружено утре со два натпревари, во кој Струга Т.Л. домаќин на Силекс, ало Тетово кај Шкендија гостува па Башкими.
Вардар кој е лидер на табелата, сега има четири бодови повеќе, во однос на актуелниот првак Шкендија, во трката со шампионскиот трофеј.
ПРВА ЛИГА – 29 КОЛО
недела – 26 април
16.00 ВАРДАР – ТИКВЕШ 7-0
16.00 АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР 0-1
понеделник – 27 април
14.00 СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
16.00 ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ
одиграно
АРСИМИ – ШКУПИ 5-1
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ 2-1































