Со денешниот натпревар што ќе се игра во Струмица, ќе почне деветнаесеттата рунда во Првата македонска фудбалска лига. И оваa ќе си игра во четири дена, а ќе биде заокружена во понеделник.
Екипата на Брера Струмица ќе ја има улогата на фаворит во денешниот дуел против Работнички. Струмичани во моментов се во сигурната зона односно на шестото место на табелата, кое и следната година обезбедува пласман во елитната конкуренција. Затоа пак ,,романтичарите” од Дебармаало се претпоследни со само седум осудени бодови и заедно со Шкупи се два од трите има кој сигурно ќе се преселат во Втората лига.
Денешниот дуел стартува од 14 часот, термин во кој ќе се играат уште четири од петте натпревари. Единствено дербито во Кратово, каде Силекс ќе ја пречека Шкендија, во недела ќе започне од 13 часот.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА – 19 КОЛО
петок 20.02.
БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ 14 часот
сабота 21.02
ВАРДАР – БАШКИМИ 14 часот
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
недела 22.02
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 13 часот
ШКУПИ – АРЕСИМИ 14 часот
понеделник 23.02.
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П – ТИКВЕШ 14 часот


































