Обврските сениорската машка кошаркарска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2029 се причината за порано одигрување на натпреварите од 16 коло во Супер лигата.
Така дури пет од шесте натпревари од 16.коло ќе се играат во сабота, освен натпреварот во Битола каде Пелистер ќе го пречека тимот на Ангели. Тој на програмата е вечерва (петок) од 20 часот.
Инаку во оваа рунда ќе гледаме и реприза на два натпревари од неодамнешната завршница во Купот. Финалистите Куманово ја МЗТ Скопје Аеродром ќе играат меѓусебно и пак на исто место, во кумановската сала. Лидерот на табелата 5ФТ кој во четвртфиналето играше против Феникс, сега ќе ја има улогата на домаќин и тоа во салата на противникот.
Вообичаено, сите натпревари ќе може ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 16 КОЛО
Петок 20.02.
20.00 ПЕЛИСТЕР – АНГЕЛИ
Сабота 21.02.
18.00 КУМАНОВО – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
18.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
18.00 ТИКВЕШ – МАЏАРИ
19.00 ТФТ – ФЕНИКС
19.00 КОЖУВ – ЧАИР
































