Додека ракометната јавност е насочена кон настапот на машката репрезентација на Македонија на Европското првенство, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер назначи нов тренер.
На кормилото на битолчани се враќа Стевче Алушoвски. Како пто информираа од клубот, Алушовски ќе ја води екипа Еурофарм Пелистер до крајот на оваа сезона.
Поранешниот репрезентативец, кои има најмногу настапи во дресот на Македонија, играчката и тренерската кариера, ја започна токму во Битола. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола, Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Во мак-ракометот ги водеше Вардар и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17 часот.
































