Во НБА лигата ноќеска беа одиграни 10 натпревари, во кои повеќемина играчи ја минаа гран9ицата од 30 поени.
Двајца од нив беа кошаркарите на Лос Анџелес, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, во победата на „Езерџиите“ над Мемфис со 128:121.
Лука Дончиќ постигна 34 поени (половина од слободните фрлања), на кои додаде осум асистенции и шест скока. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 31 поени и девет скока и шест асистенции.
Во најнеизвесниот натпревар, Милвоки со 122:121 славеше во дуелот против Шарлот.
Јанис Антетокунмпо по асистенцијата на Кевин Портер Џуниор на 4,7 секунди до крајот, со забивање го постигна конечниот резултат. Иако гостите го имаа последниот напад, не успеаја да се изборат за продолжение. Гркот, заврши со со 30 поени, 10 скока и 5 асистенции, во својот 158-ми натпревар. Со тоа Антетокунмпо ги мина легендарните ги престигна Оскар Робертсон и Карим Абдул-Џабар, кои имале по 157 натпревари со вакви бројки (најмалку 30 поени, 10 скока и пет асистенции).
Шампионот Оклахома Сити ја врза четвртата победа во низа, а вкупно 30-та сезоната. Тандерси славеа гостински терен во дуелот со Голден Стејт со 94:131.
Шаи Гилгиус-Александар имаше 30 поени и седум асистенции. Тој шутираше 10 од 20 за тројка и ги реализираше сите седум слободни фрлања. Чет Холмгрен придонесе со 15 поени и 15 скока, што е најдобар резултат во сезоната, а два помалку од неговиот најдобар резултат во кариерата
Резултати:
Индијана – Сан Антонио 113:123
Вашингтон – Бруклин 119:99
Кливленд – Денвер 113:108
Њујорк – Атланта 99:111
Чикаго – Орландо 121:114
Милвоки – Шарлот 122:121
Њу Орлеанс – Портланд 109:122
Феникс – Сакраменто 129:102
Голден Стејт – Оклахома Сити 94:131
Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис 128:121


































