Здраво драги играчи.

Пред да почнеме со типување, да ви ја честитаме новата 2026 година, да ви посакам многу здравје, среќа, љубов и добитни на секое поле од животот. 

Знаете дека се вели дека „што ќе се прави денес, ќе се прави цела година“ па ајде да бидеме добитни да тргне годината добро и на овој план. 

Еве што ќе играме овој викенд, а тикетот ќе го уплатиме во сабота наутро во Златна Копачка како би активирале уште 10% бонус, односно 10% поголема добивка. 

АСТОН ВИЛА vs НОТИНГЕМ: 1

По катастрофалниот пораз, типуваме дека Вила ќе се врати на победите на домашен терен, со противник кој е незгоден и поради тоа коефициентот е толку висок. Но веруваме дека Унај Емери ќе ги врати работите на свое место и тимот од Бирмингем ќе започне повторно со победи, откако Арсенал ја прекина серијата од 11 победи. 

БОРНМУТ vs АРСЕНАЛ: ГГ

Арсенал се одлепи четири бода од Сити по победата над Вила, граѓаните одиграа само 0:0 против Сандерленд вчера. Следи тешко гостување за топчиите, кои веруваме дека ќе слават тука, но очекуваме Борнмут да постигне еден гол. Поради тоа ГГ, а и коефициентот е примамлив.

ЛИДС vs МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: 1-3 ВО ПРВО И 1-3 ВО ВТОРО

Лидс се разигра, но иако на Енфилд не постигнаа гол, очекуваме да ги чуваат головите за утрешниот дуел против Јунајтед. Гостите исто така играат топло-ладно, па овој дуел ќе го играме 1-3 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме. 

ИНТЕР vs БОЛОЊА: 1

Нероаѕурите ги очекува тежок месец со згуснат распоред, а првиот дуел за 2026 е против Болоња дома. Гостите им се должни поради ланскиот триумф со кој може да се каже дека ја изгубија титулата, но исто така и ги совладаа во Ријад за да ги спречат да се пласираат во финалето на Супер Купот. Во недела, Болоња доаѓа на Сан Сиро, а наш тип за овој дуел е чиста победа за нероаѕурите. 

РЕАЛ МАДРИД vs БЕТИС: 1 и 2+ второ

Редно време е Реал Мадрид да победи со повеќе голови во мрежата на противниците, а верувам дека мотивот ќе им биде на високо ниво бидејќи на мегдан доаѓа Бетис, тим кој докажа дека може против големите. Коефициентот за оваа игра со која ќе го испочитуваме дербито на колото во Шпанија е примамлив, па ќе го пробаме за уште поголема добивка.

Кодот за брза уплата е 531800 и може да се уплати до утре (сабота) до 13:29ч.