Во НБА лигата ноќеска беа одиграни шест натпревари. Двата тима од Лос Анџелес славеа победи, како и шампионот Оклахома кој претходно претрпе два порази.
Дека тимот на Лос Анџелес Лејкерс е сосема поинаков со и без Словенецот, Лука Дончиќ тоа повторно се потврди ноќеска.
Лејкерси ја прекинаа низата од три порази совладувајќи го Сакраменто пред своите симпатизери со 125-101.
Лука Дончиќ беше прв стрелец во победничката екипа во која тројца играчи постигнаа над 20 поени. Словенецот натпреварот го заврши со 34 поени, 7 асистенции и 5 скокови. Тој доби голема поддршка од Леброн Џејмс кој додаде со 24 и „резервистот“ Ник Смит Џуниор кој постигна 21 поен.
Демар Дерозан имаше 22 за „Кингс“, кои се вториот најлош тим во лигата со 24 порази еден помалку од Њу Орлеанс.
Победа славеше и вториот тим од Лос Анџелес Клиперси кои со 112-99 го победија Детроит.
На овој натпревар блесна Каваи Ленард кој постигна речиси половина од поените за победничкиот тим. Ленард натпреварот го заврши со 55 поени што е негов личен рекорд во кариерата..
Актуелниот шампион, Оклахома Сити ја прекина низата од два порази.
Тандерси славеа на домашен терен против Филаделфија со 129-104. Чет Холмгрен беше прво име во победничката екипа со 29 поени и девет скока, додека Шаи Голгиус-Александер реализира 22 поени.
Најнеизвесен беше натпреварот во Торонто каде домашните Репторс по продолжение го совладаа Голден Стејт со 141-127. На домашна победа се радуваа и кошаркарите на Вашингтон во дуелот со Мемфис со 116-112, како и Портланд кој го совлада Бостон со 114-108.


































