Само гол на Севиља и победа на ПСЖ не делеше во вторникот од добивка, па затоа охрабрени од „близината“ денес типуваме од ново за нов предлог тикет на колото за овој викенд, кој можеби ќе не донесе „до водата“.

Ние го уплативме денес за да ви ги покажеме коефициентите во Златна Копачка, но вас ве советуваме да го направите тоа утре бидејќи има 10% бонус секое утро од 9 до 11 и секоја вечер од 21 до 23ч во сабота и недела.

М.СИТИ vs ВЕСТ ХЕМ: ГГ

Сите очекуваат лесна победа на Сити, можеби и така ќе биде со оглед на формата, но веруваме дека Вест Хем. Коефициентот е одличен, па да пробаме на голови.

МИНХЕН 1860 vs ВЕРЛ: ГГ3+

Головите се секогаш присутни во третата Бундес лига. На овој натпревар очекуваме домаќинот да има барем два гола, но поради повисок коефициент се одлучивме за ГГ3+ односно и гостинот да постигне барем еден гол.

ТОТЕНХЕМ vs ЛИВЕРПУЛ: 1-3 1P и 1+ 2P

1-3 гола во прво и 1+ во второ мислам дека е фер „понуда“ за игра за дербито во Англија. И двете екипи и примаат и даваат голови, а бидејќи тешко ни е да прогнозираме победник ќе одиме со оваа игра со супер коефициент.

ЈУВЕНТУС vs РОМА: 0-2 1P и 1-3 2P

Неколку пати имаме прогнозирано со оваа игра секогаш кога очекуваме тврд натпревар без многу голови. Таков веруваме дека ќе биде и овој на Алијанц стадионот во Торино, па затоа „сигурно“ на 0-2 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме, од било кого.

АСТОН ВИЛА vs МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: Т1 1+ 2P

Големо дерби се игра на Вила Парк во Бирмингенм, домаќините можеби важат за фаворити, но гостите никогаш не се отпишуваат. Затоа овде ќе типуваме дека Вила ќе даде барем еден гол во второ полувреме.

ЖИРОНА vs АТЛ. МАДРИД: ГГ

Прогнозираме дека Атлетико ќе даде барем еден гол, ама ќе прими барем еден гол на гостувањето во Жирона, кои веројатно ќе влезат со големи амбиции по победата на гости кај Реал Сосиедад во претходното коло. Домаќините како да се стабилизираа и почнаа да играат откако им се закани релегација, а за Атлетико не мора да трошиме повеќе зборови зошто треба да очекуваме барем еден гол во недела.

Кодот за уплата на овој тикет е: 480810