Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го играат натпреварот со Златибор. Тоа е натпревар од петтото коло во регионалната АБА2 лига, последно во оваа календарска година.

Аеродромци кои досега имаат три победи и еден пораз се на 4.место на табелата, со ист скор како и Златибор кој е петти, но и уште три екипи кои имаат седум бодови.

Задачата да впишат нова победа за сино-белите нема да боде лесно бидејќи противникот на домашен терен игра одлично. Но, доколку аеродромци сакаат повторно да се вратат на делба на првата позиција на табелата, ќе мора да одиграат максимално ангажирано.

Натпреварот меѓу Златибор и МЗТ Скопје Аеродром почува во терминот од 18 часот.

Следете нé на социјалните мрежи