Македонија ќе има четворица спортист на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано и Кортина. Тој повод денеска во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) денеска се одржа средба со медиумите.

Иако изминатиот период меѓу четворицата спортисти беше најавуван Мирко Лазаревски, сепак тој нема да патува за Италија. Без официјално објаснување од МОК и Скијачката федерација, на негово место е повикан Виктор Петков.

Освен на пресот, ниту во официјалното соопштение до јавноста, МОК не најде за сходно, да ја образложи ваквата одлука.

Лазарески веќе беше дел од официјалниот промотивен материјал на Македонскиот олимписки комитет (МОК). Но, сега ниту таму (официјалните веб страна и Фејсбук профил на МОК), Лазаревски го нема. Затоа, разбирливи се бурните реакции во јавноста, бидејчи МОК и Скијачката федерација, досега се „неми“ по овој случај.

Така наши спортисти на ЗОИ ќе бидат: Ана Цветановска и Ставре Јада (нордиски дисциплини), Јана Атанасовска и Виктор Петков (алпски дисциплини).

Игрите стартуваат на 6 февруари, а настапите на Македонците се на, 10, 12 и 13 февруари (нордијците), додека алпските дисциплини се закажани за 14, 15 и 18 февруари.