Паузата в домашното фудбалско првенство полека завршува. Екипи ти ги прават последните подготовки пред стартот на вториот дел од сезоната. Дел од екипите имаат и промени во играчкиот кадар, со кои ќе се обидат дел од нив да останат во трка за шампионскиот трофеј, а дел да обезбедат опстанок во елитната прволигашка конкуренција.

Праксата останува иста, натпреварите да бидат поделени во повеќе денови. Така дуелите од 17.коло ќе се играат од 10. до 12. февруари. Дерби дуелот е во Тетово, каде актуелниот шампион Шкендија ќе ја пречека екипата на Струга Трим Лум.

ПРВА ЛИГА – 17 КОЛО

Вторник (10 февруари)
Шкендија – Струга Трим Лум
Шкупи – Тиквеш
Среда (11 февруари)
Вардар – Арсими
Силекс – Башкими
Четврток (12 февруари)
Брера Струмица – Македонија ЃП
Пелистер – Работнички