Вечното македонска кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром денеска има ново поглавје.
Големите градски ривали по 169-ти пат ќе играат во меѓусебен натпревар.
Засега, Работнички е тимот кој има повеќе победи 92, а МЗТ Скопје (76) пак доминира во последните речиси десет сезони. Шампионот МЗТ важи за големи фаворити, а сезонава има само еден загубен натпревар и тоа службен пораз. За разлика од аеродромци „црвено-белите“, се со ,,скор” 5 победи и 4 порази.
Сепак, секое, па и ова дерби, си има посебен „шмек“, а поголемиот мотив може да се покаже и како пресуден. Но, дали ќе биде така ќе видиме во натпреварот што ќе се игра во СЦ „Кале“ од 18 часот, са може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Ова е само еден од трите натпревари што ќе се играат денеска во рамките од деветтото коло.
Програмата ќе ја отворат Маџари и Феникс, а во Гевгелија вечер ќе играат Кожув и Куманово.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 10 КОЛО
Недела
МАЏАРИ – ФЕНИКС 15.00 часот
РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 18.00 часот
КОЖУВ – КУМАНОВО 20.00 часот
сабота
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР 76-99
ГОСТИВАР – ТФТ 83-93
ЧАИР – АНГЕЛИ 103-79



































