Звучи помалку неверојатно за македонски кошаркарски прилики, но е вистинито.

Кошаркарката на Баскет Кам, Сања Адамовска реализираше уште еден троен ефект за кратко време во текот во Првата македонска лига.

На средбата против екипата на МЗТ Бела вода, бекот на екипата од Македонска Каменица ја повтори играта од мечот со Патриот. Адамовска постигна 15 поени, на кои додаде по 13 асистенции и скокови, а Баскет кам победи со 64:45.

Цветанка Димова, во седмата победа на шампионот, партиципираше со дабл-дабл, со 24 поени и 10 скокови.

Тимот на Баксет кам сега има 15 бодови колку и лидерот на табелата Крива Паланка. По нив следува Вардар со 13 и натпревар помалку, односно Бадел и Пробаскет со по 12.

Следете нé на социјалните мрежи