Последниот тикет погодивме 2 од само 6 пара, но секогаш има затишје пред бура, па така за ова коло подготвивме нов тикет со 6 пара во Златна Копачка, кој се надеваме дека ќе биде добитен конечно по пауза од нешто повеќе од еден месец.

Нашите размислувања зошто и како овие парови, може да ги прочитате подолу, а доколку ви се допаѓа тикетот може да го уплатите најдоцна до 20:30 часот денес, со кажување на следниот код во било која обложувалница на Златна Копачка: 400799.

ДОРТМУНД vs ЛЕВЕРКУЗЕН: Т1 2+

Секако дека ќе играме на голови и тоа Т1 2+ за домаќините, кои со победа очекуваме да се пласираат понатаму во Купот на Германија. Играме Т1, бидејќи ни изгледа посигурен тип од 1.

БАРСЕЛОНА vs АТЛЕТИКО МАДРИД: 1+ во прво и 1+ во второ

Барса не е толку сигурна и убедлива како лани, солзите на Ханси Флик го открија тоа, нели? Затоа ќе одиграме на голови, со оглед дека Атлетико Мадрид како да влезе во добра форма, а дерби дуелите им се специјалност. Барем 1 гол во прво и барем 1 гол во второ е нашиот тип за дерби дуелот денес.

ЛИВЕРПУЛ vs САНДЕРЛЕНД: 1 и 1+ во второ

Победнички ветер ќе дува вечерва на Енфилд? Ако веруваш дека црвените можат да врзат две победи по ред како нас, тогаш играме 1 и 1+ во второ, чисто за да зголемиме коефициент да не бидеме само на чист 1.

СЛОВАН БРАТИСЛАВА vs РУЗЕМБЕРОК: 1-1

Слован со победа ќе се одлепи уште повеќе на врвот, а вечерва игра против тим кој ќе се бори за опстанок во Словачка. Затоа за да зголемиме коефициент, ќе пробаме 1-1.

ЊУКАСЛ vs ТОТЕНХЕМ: 1-2 прво и 1-3 второ

Повторно играме тип со повисок коефициент, за да зголемиме на добивка, па ако биде, да биде. Очекуваме голови на дуелот помеѓу Њукасл и Тотенхем, па затоа ќе пробаме со 1-2 гола во прво и 1-3 гола во второ.

ФУЛАМ vs М. СИТИ: 2

Пеп и Сити се извадија против Лидс, но вечерва гостуваат во Лондон кај Фулам каде што очекуваме да стигнат до победа и да направат притисок кон Арсенал и Челси кои играат утре.