Шестата рунда од мапката ракометна Супер лига денеска носи два натпревари.

Во Битола, шампионот Еурофарм Пелистер ќе го пречека составот на Охрид. Ова е дуел на екипи кои заедно со Вардар и Алкалоид се во борбата за највисок пласман односно трофеите. Оттаму дуелот го носи и приматот дерби на колото. Во него битолчани влегуваат по поразот од лутиот ривал Вардар во претходната рунда. Двата тима имаат идентичен учинок досега по 3 победни и по едно реми и пораз. Заостанувањето зад лидерот Вардар кој е перфектен досега изнесува пет бодови, па оттаму бодовите се исклучително важни за двете екипи.

Овој дуел за двете екипи доаѓа пред нивните претстојни натпревари на европската сцена. Пелистер го чека мечот против Висла Плок на гости на 8 октомври, а Охрид на 11 и 12 пред своите навивачи ќе го игра двомечот со азербејџанскиот Баки во Европскиот куп.

Овој натпревар ќе почне во терминот од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Еден час подоцна (19) во Куманово кај истоимената домашна екипа гостува тимот на Алкалоид, кој е второпласиран на табелата.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА 6.КОЛО

недела
18:00 часот ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
19:00 часот КУМАНОВО – АЛКАЛОИД
вторник
18:00 часот БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ
петок
ПРИЛЕП – СТРУГА 34-27
сабота
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 17-23
РАДОВИШ – ВАРДАР 27-33