Денеска, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот за новата сезона во машката кошаркарска Супер лига.
На стартот, дерби натпревар ќе се игра во Скопје, во кој Работнички ќе игра со битолски Пелистер. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне на гостински терен кај дебитантот Маџари.
Дванаесетте екипи ќе се борат да и избегнат последните три позиции на табелата кој водат во понизок ранг на натпреварување. Ова откако КФМ реши постепено да го намачува бројот на екипите на најдобрата конкуренција.
Инаку, официјално, новата сезона во мак-баскетот ќе биде отворена со одигрувањето на Суперкупот. Натпреварот помеѓу шампионот, МЗТ Скопје Аеродром и ланскиот финалист во Купот на Македонија, гевгелиски Кожув, ќе се игра на 28 септември, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ)
1.КОЛО (4.ОКТОМВРИ)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
МАЏАРИ – МЗТ СКОПЈЕ А.
КОЖУВ – ТФТ
ФЕНИКС – АНГЕЛИ
ЧАИР – МКК КУМАНОВО
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ

































