Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави најновата ранг листа.
Македонија на неа е едно место подолу од претходното рангирање.
Убедливата победа над Лихтенштајн не примени многу, но затоа поразот во контролниот меч со Саудиска Арабија влијаеше на рангирањето. Така сега Македонија е на 63.место на ФИФА ранг листата.
Белгија е најдобро рангирана од нашите противници во Мундијалското квалификации. Белгијците кои се нашиот следен противник се осми, а Велс е 30-ти. Покрај Белгија следниот месец Македонија ќе игра и против Казахстан кој е 118 место. Очекувано најслаб ранкинг во нашата група има Лихтенштајн кој е на 204 позиција.



































