На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе повеќе важни одлуки поврзани со организацијата на натпреварувањата. Една од точките се однесуваше на одлука за формирање на нова репрезентативна селекција до 20 години.

У.О. на ФФМ го именува Александар Таневски за селектор на новоформираната македонската репрезентација до 20 години.

Александар Таневски, во изминатите осум сезони од тренерската кариера има водено вкупно 196 официјални натпревари како шеф на стручен штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, обезбедувајќи промоција во највисок ранг. Истиот успех го повтори со Македонија ЃП, тим со кој играше финале на Купот на Македонија и обезбеди место во Европските купови. Таневски работеше во Академија Пандев, а последниот ангажман го имаше во ФК Беса.