Македонските фудбалери вечерва во Скопје го играат третиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026.
На „Тодор Проевски“ гостува Белгија селекција која е осма на светската ранг листа.
Сепак македонските фудбалери ќе имаат голема поддршка од трибините. Мотивот и навивањето сигурно нема да изостане ако се суди според она како беше испеана македонската химна.
„Грмеше“ на арената, не од дождливото време, туку од екот во еден глас „Денес над Македонија се раѓа ….“






































