Селекторот Благоја Милевски ги одбра единаесетмината фудбалери кои вечерва ќе истрчаат на арената „Тодор Проевски“, и ќе го почнат дуелот со Белгија.

Навидум офанзивно (барем на сликата), но во суштина дефанзивно, Македонија ќе го почне дуелот со Белгијците.

Поради повреди неколкумина стандарди првотимци не беа во составот. Затоа шанса да почне ќе добие Андреј Стојчевски, кој заедно со Атанасов треба да бидат поддршка за одбраната.

Капитенот Барди ќе креира на средината на теренот, а на крилните позиции ќе бидат Елмас и Костадинов. Миовски иако е рековалецент, ќе биде во шпицот на нападот.

Дуелот стурува во 20.45 часот, а може да го гледате низ директен ТВ пренос овде на МРТ каналите.

Следете нé на социјалните мрежи